Почетна страна

Со цел запознавање на студентите со нивните основни права, како и постапката пред Студентскиот правобранител, на 28ми септември 2015 година, беше одржана средба со студентите од прва година на Факултетот за земјоделски науки и храна. Средбата беше организирана од страна на студентскиот правобранител на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Васка Бојаџи и заменик студентскиот правобранител на ФЗНХ, Моника Стојанова, а присуствуваше и Деканот на факултетот, проф. д-р Драги Димитриевски.

Во текот на првиот дел од средбата присутните студенти беа запознаени со надлежноста на Студентскиот правобранител, постапката пред правобранителот како и за некои од проблемите на факултетот по кои веќе било постапувано, додека пак во вториот дел (во текот на кој не присуствуваше деканот на факултетот) студентите имаа можност за поставување прашања и истакнување на проблемите со кои се среќаваат во текот на нивното студирање. На студентите исто така им беа поделени и информативни материјали – флаери.