Почетна страна

На 07.12.2015 година на Православниот богословски факултет во Скопје, во склоп на чествувањето на Св. Климент Охридски, беше одржана свечена академија на која присуствуваше и Васка Бојаџи, студентски правобранител на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.

На присутните со пригодно слово им се обратија Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ д-р. Велимир Стојковски, деканот на факултетот д-р Ацо Гиревски и Амбасадорот на Руската Федерација во Р. Македонија Н.Е. Олег Николаевич Шчербак.

На радост на студентите и професорите беше претставено возобновеното студентското списание „Правословен благовесник„ кое содржи текстови од теолошки карактер на различни актуелни теми. Уредувачкиот одбор го сочинуваат неколку студенти, меѓу кои и Тони Кузманоски, претседател на Студентскиот парламент при факултетот со кој досега Студентскиот правобранител остварувал успешна соработка.

Православниот богословски факултет, основан во 1977 година, денес претставува составен дел на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ со статус на придружна членка. Досега на факултетот се запишале 1370 студенти, додека пак бројот на дипломирани е 373.