Почетна страна

Информирањето на студентите за постоењето и функцијата на Студентскиот правобранител е првиот чекор кон обезбедување на ефективна заштита на правата на студентите на најстариот и најреномираниот универзитет во Република Македонија.

На редовните состаноци со замениците студентски правобранители на различните факултети беа предложени и разгледани бројни идеи за активности кои ќе придонесат до зголемување на свеста кај студентите за механизмите на заштита кои им стојат на располагање. Со голем ентузијазам беше прифатен предлогот за спроведување на кратки презентации во рамките на првиот академски час од страна на замениците студентски правобранители, имајќи предвид дека на тој начин ќе се допре до стотици студенти кои се на почетокот на нивното академско усовршување. Презентациите кои беа проследени со дисеминација на промотивни флаери, како и поставување на промотивни плакати се одржаа на следниве факултети:

- Медицински факултет (заменик студентски правобранител Светлана Бошковска);

- Факултет за ветеринарна медицина (заменик студентски правобранител Фросина Бајрактаровска);

- Природно –математички факултет (заменик студентски правобранител Стефан Јованов);

- Факултет за земјоделски науки и храна (заменик студентски правобранител Моника Стојанова);

- Правен факултет „Јустинијан Први“ (заменик студентски правобранител Маја Вељанова).