Почетна страна

Студентскиот правобранител, со својот тим на заменици студентски правобранители, постојано врши напори за зголемување на запознаеноста на студентите со нивните основни права и обврски, како и со надлежноста и улогата на Студентскиот правобранител во областа на заштита на студентските права.

Во таа насока, во периодот од 30.11 – 01.12.2015 г., студентскиот правобранител на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Васка Бојаџи и заменик студентскиот правобранител на Економскиот факултет, Даниел Китески одржаа кратки информативни презентации во рамките на предавањата по Основи на економија, предмет предвиден во студиската програма за бруцошите од сите насоки. Овие кратки презентации ги проследија неколку стотици студенти, на кои им беа поделени и информативни материјали – флаери. По добивањето на согласност од Деканатската управа на Економскиот факултет, беа поставени и плакати со податоци за контакт, на повеќе видни места во просториите на факултетот.

Упатувме голема благодарност до проф. д-р. Таки Фити, проф. д-р. Предраг Трпески и проф. д-р. Владимир Филиповски кои отстапија дел од нивните предавања со цел унапредување на информираноста на студентите за оваа тематика.

Непосредно по одржувањето на промотивните активности Студентскиот правобранител доби неколку телефонски јавувања од страна на студенти на Економскиот факултет кои имаа прашања поврзани со правилата на студирање, од што директно и краткорочно се согледуваат ефектите и полезноста од овие овие активности. Ова воедно, претставува и поттик за нивното практикување и во иднина.