Почетна страна

Во текот на месец октомври и декември тимот на Студентскиот правобранител на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ го збогатија нови заменици студентски правобранители од Фармацевтскиот факултет и Машинскиот факултет.

По спроведените конкурси за избор на заменик студентски правобранител на Фармацевтски факултет и на Машински факултет, кои ги иницираше Студентскиот правобранител на Универзитетот, а ги спроведоа Студентските парламенти на факултетите, избрани се Елисавета Дуролојкова (Фармацевтски факултет) и Јулија Јовковска (Машински факултет). Студентките ги поднесоа во навремен рок потребните документи кои потврдуваат дека истите ги исполнуваат наведените услови за избор, односно се редовни студенти со просечна оценка на студии од минимум 7,00, имаат завршено најмалку втор семестар и поседуваат организациски и комуникациски вештини.

За сите прашања кои се во надлежност на замениците студентски правобранители, студентите од соодветните факултети можат да се обратат на е-маил адресата на Елисавета Дуролојкова - elisaveta.durolojkova@hotmail.com, и на е-маил адресата на Јулија Јовковска - jul4e_fs@hotmail.com.

Им посакуваме многу успех во работата!