Почетна страна

На 35тата седница на Универзитетскиот сенат, одржана на 29.12.2015г., едногласно беше усвоен Извештајот за работа на Студентскиот правобранител на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ за перидот од 15.09.2014 до 15.09.2015 година.

Во текот на изминатата академска година до Студентскиот правобранител се обратиле стотина студенти како од општествените, така и природните и од техничките факултети. Најбројни меѓу претставките од разновидна природа, биле оние од административен карактер кои вклучуваат неуредни досиеа (во електронска или материјална форма), несоодветно евидентирани оценки, проблеми во постапките за издавање на уверенија и дипломи и слично. Овие административни проблеми им претставувале суштинска пречка на студентите во остварувањето на некои од нивните права.

Се обратиле и доста студенти кои имале проблем со положувањето на некој поединечен предмет. Имало и студенти кои предметот го презапишувале и по неколку пати, и го полагале и по повеќе од 10 пати, но без успех. Во таквите случаи Студентскиот правобранител имал пред се советодавна улога, односно ги информирал студентите за можностите кои им се на располагање, како што се приговор на оценката и полагање пред тричлена комисија во која не учествува предметниот професор каде студентот веќе полагал. Непосредно реагирал во неколку случаи кога не било постапено од страна на надлежните органи по барањето за комисиско полагање, како и во случаи на неправилности во спроведувањето на комисиското полагање.

Студентскиот правобранител бил секојдневно контактиран од страна на студенти кои имале прашања и нејаснотии во врска со одредени аспекти од правилата на студирање, како и прашања во врска со нивните студентски права и обврски.

Во текот на изминатата академска година биле спроведени бројни информативни активности, пред се наменети за студентите од прва година на студии, а голем удел во нивната реализација имале замениците студентски правобранители.