Почетна страна

Непосредно по незјиниот избор Јулија Јовковска, заменикот студентски правобранител на Машинскиот факултет отпочна со активности за информирање на студентите за нивните основни права и обврски, како и улогата на студентскиот правобранител во заштитата на правата на студентите.

На 14ти декември 2015 г. Јулија одржа кратка информативна средба студентите од прва година, во рамките на предавањето по предметот Инженерска графика кај проф. д-р. Ристо Ташевски. На студентите им беа поделени и информативни материјали – флаери во рамките на кои е сумарно објаснета постапката пред студентскиот правобранител, како и основните принципи на работа.

По добивањето на согласност од Деканатската управа на Машинскиот факултет, беа поставени и плакати со податоци за контакт, на повеќе видни места во просториите на факултетот.