Почетна страна

На покана на проф. д-р. Иванка Додовска, на 29ти февруари 2016 година, Студентскиот правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Васка Бојаџи, гостуваше во емисијата „Концепт со Ина“ која се емитува на Радио слободна Македонија.

Во текот на едночасовниот разговор, Васка Бојаџи зборуваше за положбата, надлежностите и улогата на Студентскиот правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, за почетоците на оваа институција како и за тековните и претстојните активности.

Студентскиот правборанител исто така се осврна на досегашните видови на претставки, основните проблеми и потешкотии со кои се соочуваат студентите во текот на студирањето, како и на соработката помеѓу студентите и академскиот кадар.

Целосната емисија можете да ја погледнете на следниов линк: http://rsm.mk/web/?p=107834